Бритни Спирс се почесто прикачува разголени фотки на популарната социјална мрежа Инстаграм, но последната што ја објави привлече големо внимание кај нејзините фанови и предизвика загриженост. Пејачката која има 40 години го покажа своето исончано тело додека позираше целосно гола носејќи само црвена капа со широк обод. Ги покри голите гради со раце и додаде мал црвен емотикон во облик на срце за да ја покрие својата интимна регија.
Додека повеќето нејзини обожаватели и упатија најубави желби на пејачката, други беа малку скептични за нејзиниот избор да се соблече целосно гола додека на плажата има други луѓе.
– Ова не е нудистичка плажа. Погледнете ги облечените луѓе одзади – коментира едно лице.
– Замислете дека сте некои обични луѓе кои само ноншалантно се дружат на плажа во четврток, а покрај нив одеднаш се појавува Бритни Спирс и се фотографира целосно гола – се пошегува трет следбеник.
