11.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Фон дер Лајен: Имаме конкретни предлози за запирање на растот на цените на енергенсите

По првиот состанок на европската политичка заедница вчера во Прага, на кој присуствуваа лидерите на 44 европски земји, денеска на неформалниот самит останаа само шефовите на држави или влади на Европската Унија.

Главните теми беа руската војна против Украина и како да се запре поскапувањето на енергенсите. Бидејќи се работело за неформален самит, не биле донесени никакви одлуки, а по самитот лидерите ја потврдија подготвеноста да и дадат дополнителна финансиска и воена помош на Украина.

Во однос на енергетската криза, расте поддршката кај членките за обезбедување на заедничка набавка на гас со цел намалување на цената, а започнале и дискусиите за нов модел за формирање на цената на струјата на начин што ќе ја одвои од цената на гасот која моментално ги диктира цените на електрична енергија.

„Се зголемува поддршката за организирање заедничка набавка на гас“, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на завршната прес-конференција.

Чешкиот премиер Петр Фиала рече дека лидерите разговарале за предлогот за одвојување на цената на гасот од цената на струјата, додека Фон дер Лајен рече дека поконкретни предлози ќе дојдат на почетокот на следната година бидејќи тоа е многу сложено прашање за интервенција на енергетскиот пазар.

Цените на струјата на европскиот пазар се одредуваат според цената на најскапата енергија што се користи во неговото производство, а која со месеци е гасот, чии цени вртоглаво пораснаа по почетокот на руската агресија врз Украина, која целосно ја разобличи европската голема зависност на Унијата од руските фосилни горива.

Фон дер Лајен рече дека дополнително ќе се финансираат на европско ниво за да им се помогне на земјите-членки во зелена транзиција, односно намалување на зависноста од фосилни горива.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести