„Газпром“ додава дека со италијанските клиенти нашол решение за продажба на гас по регулаторните измени во Австрија.
„Австрискиот оператор рече дека е подготвен да го потврди транспортот“ преку ДОО „Газпром експорт“, што ќе овозможи рускиот гас повторно да тече низ Австрија, според нафтениот гигант „Газпром“, контролиран од Кремљ.
Австриската влада соопшти дека Газпром сè уште не ги потпишал потребните договори.
Рускиот гас сочинува околу 10 отсто од италијанскиот увоз, што е значително помалку од претходните 40 отсто, вели упатен извор, додека уделот на гас што Италија го увезува од Алжир и северот е зголемен.
