20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателот на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Пепо Леви и до сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија.

Почитуван г. Пепо Леви,

Јом Кипур е најсветиот еврејски празник. На овој ден верниците чекорат низ патот на внатрешното преиспитување, покајание, простување и помирување со Бога и со луѓето. Вам лично и на сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите кон Бога и постот како столбови на Јом Кипур нека ви донесат духовен мир и нека инспирираат добри дела.

Еврејската заедница, со своите специфики има исклучително важен удел во градењето на македонскиот соживот и негувањето на почитта и разбирањето меѓу различните етнички и религиозни групи. Времето на предизвици во кое живееме не упатува да бидеме уште посплотени. На овој голем празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина и да делуваме за нејзин просперитет и напредок.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести