Новинарот Љупчо Златев го клеветел поранешниот градоначалник Коневски. Објавена преудата на Основниот суд

На насловната страница на дневниот весник „Вечер“ денеска осамна пресудата изречена од страна на граѓанскиот суд со која е утврдено дека новинарот Љушчо Златев го клеветел и навредувал поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски, нанесувајќи му штета на честа и угледот.
„СЕ УТВРДУВА дека тужениот Љупчо Златев од Кавадарци, со престојувалиште во Скопје, со изречените зборови на профилот Љупчо Златев на кој е администратор, на ден 24.02.2021 година и тоа зборовите “јас на криминални соработници не се извинувам” е одговорен за штетата нанесена на честа и угледот на тужителот Ивица Коневски, со клевета и навреда“, стои во пресудата.
Со пресудата судот го задолжува тужениот Љупчо Златев да му исплати на тужителот Ивица Коневски и паричен надомест за нематеријална штета за повреда на честа и угледот, износ од 6.000,00 денари, со законска казнена камата сметано од денот на пресудувањето 01.11.2021 година, до конечна исплатата , во рок од 15 дена по приемот на пресудата, а под закана од присилно извршување.
Покрај тоа судот го задолжил тужениот Љупчо Златев на свој трошок да ја објави пресудата најдоцна во рок од 15 дена по приемот, во еден од дневните весници, на македонски јазик на простор не помал од 1/8 од страницата и тоа од прва до петта страна.
За изречените клевети, тужениот Љупчо Златев ќе треба да му ги плати на тужителот Ивица Коневски од Скопје, трошоците на постапката во вкупен износ од 8.096,00 денари во рок од 15 дена по приемот на пресудата, а под закана од присилно извршување.

