20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Трагедија во Русија ! Убиени 11 деца и 4 возрасни, повредени 24 лица (ВИДЕО)

Вооружен напаѓач облечен во маичка со нацистички симбол, денеска влегол во училиштето број 88 во градот Ижевск, во областа удмуртија и застрелал дестици деца на возраст од 7 до 15 години и дел од персоналот вработен во училиштето.

Бројот на починати расне од час во час, а лекарските екипи се борат за животите на голем број ученици. Според досегашните информации, бројот на загинати се искачил на 15, а 11 од нив се деца.

По завршување на масакрот, напаѓаот си го одзел животот, а податоците кои ги изнесуваат локалнбите медиуми укажуваат на 24 повредени лица, од кои 22 деца.

Рускиот истражен комитет го идентификувал напаѓачот како Ариом Казанцев, кој бил на возраст од 34 години. Казанцев претходно бил ученик во училиштето во Ижевск кој се наоѓа 960 километри источно од Москва.

Гувернерот на Удмуртија, Александар Бречалов изјавил дека напаѓачот бил пациент на психијатрија.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков нападот го нарекол „терористички чин“ и во име на Претседателот Владимир Путин изразил длабоко жалење за погибијата на луѓето и децата во училиштето каде се случил терористичкиот напад.

Училиштето е евакуирано, а блокирана е околината.

Според првичните податоци, Казанцев користел два воздушни пиштоли, преработени за да користат боева муниција. Оружјето не било регистрирано кај надлежните органи.

Мотивите за крвавиот масакр засега не се познати, а ќе треба да се утврдат со отворената исрага за повеќекратното убиство.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести