10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Приведени две лица за издржување на затворски казни на подрачјето на СВР Тетово

На 23.09.2022 во 18.30 часот во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 32-годишниот М.Б. од ова село за издржување затворска казна. Претходно, М.Б. бил пријавен дека во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и сопруга.
Нешто подоцна, во 20.20 часот на улица „Цветан Димов” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Ј.А.(60) од тетовски Пирок. Тој се барал со судска наредба за издржување казна затвор.
Двете лица биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на затворските казни.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести