23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Народот е чист зијан со СДС, власта предизвика енергетска и економска катастрофа

Неспособната влада предводена од дезертерот Ковачевски го урниса стандардот на граѓаните и го ничкоса стопанството. Поради погрешната енергетска политика струјата за три години ја поскапеа за 50% за домаќинствата и дури до 500% за компаниите. Нашите компании денес работат со најскапа струја во споредба со сите останати во регионот. Затоа нашата економија е најслаба од сите, а растот е само 2,8%, за разлика од другите економии кои растат двојно, па и речиси тројно побрзо.

Поради оваа клептоманска власт на СДС домашното производство на електрична енергија е на рекордно најниско ниво. За последните две години производство е намалено за 1 терават часови електрична енергија и Македонија сега е најзависна земја на Балканот која увезува една третина од струјата што ја троши. Скапиот увоз значи поскапи сметки.

Тука треба да се бара една од главните причини за стапката на инфлација која достигна 16%, што е една од највисоките во Европа, а со сигурност највисока во регионот. Оваа стапка на инфлација е двојно повисока од европскиот просек. Реалниот удар за граѓаните е далеку поголем ако се земе само поскапувањето на основните трошоци на живот кои се од 50 до 100% повисоки за година дена.

Поразителни се сите економски параметри.

За година и половина над 12 илјади компании ставиле клуч на врата.

Во месец јули скоро една четвртина од компаниите во Македонија не ја исплатиле на време платата на своите вработени.

Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија со 150 денари на ден.

По странски инвестиции исто сме на дното во регионот, а Албанија, Косово и Србија имаат по најмалку дупло повеќе.

Долгот достигна рекорден износ од 7 милијарди евра, а само прашање на време е кога ќе надмине 8 милијарди евра.

Реализацијата на капиталните инвестиции на три месеци пред крај на годината е едвај на третина од предвиденото кое беше претходно кратено со ребаланс.

Со еден збор очај и мизерија на секој поглед. Тоа е најдобриот опис на владеењето на антимакедонската СДС. Што фатија запустија. Време е да си заминат, бидејќи нивната власт е чист зијан за народот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести