20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Германските власти замрзнаа руски имот во вредност од 4,88 милијарди евра

Германските власти замрзнаа руски имот во вредност од 4,88 милијарди евра.

 Од 16 септември имотот вреден најмалку 4,88 милијарди евра во Германија е блокиран со санкциите на ЕУ – наведува Шпигел, повикувајќи се на документ на германското Министерство за економија и заштита на климата.

Од крајот на февруари земјите од ЕУ веќе воведоа неколку пакети санкции против Русија поради ситуацијата во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека политиката на задржување и слабеење на Русија е долгорочна стратегија на Западот, а санкциите и нанесоа сериозен удар на целата светска економија.

Според него, главната цел на Западот е да ги влоши животите на милиони луѓе. Еврокомесарот Рејндерс на почетокот на јули објави дека Европската унија замрзнала 13,8 милијарди евра имот на руски бизнисмени и компании и изрази надеж дека процесот ќе биде „активиран“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести