14.8 C
Skopje
петок, ноември 20, 2026

Мекдоналдс се врати во Украина

Американскиот синџир ресторани за брза храна претходно објави во соопштение дека по разговорите со украинските власти, повторно ќе ги отвори локациите во Киев, но првично само за испорака.

Новинарите на АФП лично се уверија во точноста на информациите кога видоа редица вработени во компаниите за испорака, како што е Глово, кои чекаат пред ресторанот за да собираат нарачки. „Во октомври овие три ресторани повторно ќе бидат отворени за посетители, а до нив ќе се отворат „McDrive“ и „McDonald’s Express““, се вели во соопштението на компанијата.

„Како дел од постепеното повторно отворање на рестораните, се планира да се отворат уште седум во Киев, по што бројот ќе се зголеми во главниот град и во градовите на западот на земјата“, се додава. Мекдоналдс ја прекина работата во Украина на 24 февруари, веднаш по руската инвазија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести