1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Раскол во СДС, две фракции не можат да се договорат за началничкото место за внатрешна контрола во АНБ

Раскол во СДС, две фракции не можат да се договорат за началничкото место за внатрешна контрола во АНБ.
Директорот на АНБ во заминување, Виктор Димовски до Комисијата која го надгледува работењето на службите во Собранието, доставил предлог за началник на внатрешна контрола во АНБ, како што е според закон од институцијата, Комисијата треба да го верификува и така поставениот началник има мандат од 6 години.
Пратениците од СДС и ДУИ кои се мнозинство во Комисијата не присуствуваа на седницата. Односно го бојкотираат нејзиното одржување. Ова е прв пат власта да се бојкотира сама себе. Ова е доказ дека врвот на СДС не се согласува со изборот на Виктор Димовски.
Во СДС се води тивка војна помеѓу две фракции за превласт во АНБ. Ковачевски сака да воспостави целосна контрола, но очигледно од внатре добива отпор. 
Штетата од караниците во СДС, кои се водат преку институциите ја трпат граѓаните.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести