15.8 C
Skopje
вторник, мај 9, 2023

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан драстично ги намали градите (ФОТО)

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) драстично го промени својот изглед во последните неколку месеци. Нејзиниот процес на слабеење започна со цел да ја собере во фустанот на Мерлин Монро за Мет Галата, а многумина сега забележаа по нејзиното појавување на „The Late Late Show with James Corden“ дека нејзините карактеристични облини исчезнаа.

Старлетата која беше позната по своите атрактивни облини на малите екрани се појави послаба од било кога. Обожавателите на реалити ѕвездата претходно ја пофалија нејзината бујна биста, а сега се прашуваат дали Кардашијан ги намалила градите.

– Нејзините гради сега изгледаат многу помали – коментираат фановите на Твитер.

Многумина забележаа, освен помалите гради, дека Ким веќе го нема ни задникот со кој го привлекуваше вниманието. Обожавателите заклучиле дека риалити ѕвездата била оперирана и ги отстранила градите и задникот за да изгледа што послабо.

На некои не им се допаѓа како изгледа Кардашијан сега, а коментираа и дека изгледа многу несреќно.

– Изгледа болно, не ми се допаѓа колку ослабе. Ги извади и задникот и градите, изгледа многу тажно – коментираат фановите, додавајќи дека Ким се опседнувала со нејзината тежина.

Други, пак, се воодушевени од нејзиниот „нов“ изглед.

– Оваа верзија на Ким Кардашијан ми е најдобра досега, изгледа среќно и здраво – напишале фановите.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img