Украина може да изгуби значителен дел од своите територии, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на затворен состанок на партијата Фидес-Унгарска граѓанска унија, пренесува Gazeta.ru.
Според него, украинскиот конфликт може да се одолговлекува до 2030 година, а Киев би можел да изгуби една третина или дури половина од својата територија.
За настаните меѓу Русија и Украина најмногу е виновен Западот, посочува тој. Според унгарскиот премиер, конфликтот во Украина можеше да биде од многу помал обем доколку западните земји не интервенираа и не го направија глобален.
