6.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Генералното собрание на ОН вчера гласаше да му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да им се обрати на светските лидери виртуелно

Генералното собрание на ОН денеска гласаше да му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да им се обрати на светските лидери виртуелно, во однапред снимен говор, следната недела, поради потребата да биде во земјата која е под руска инвазија.

Со тоа е направен исклучок од важечката обврска на Генералното собрание дека сите лидери мора да зборуваат лично.

Телото од 193 членови го одобри виртуелното обраќање на Зеленски со 101 глас за, седум против и 19 воздржани, меѓу кои беше и Кина. Седумте земји кои беа против се Белорусија, Куба, Еритреја, Никарагва, Северна Кореја, Русија и Сирија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести