2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Елемент ПР побара спогодбено прекинување на договорот од Град Скопје

Агенцијата Елемент ПР достави известување до Град Скопје за спогодбено прекинување на
договорот со Град Скопје. На овој чекор се одлучивме по реакцијата на Здружението на
новинари на Македонија коешто изрази сомнеж за оваа јавна набавка со објаснување дека на
овој начин се прекршува Мораториумот за огласување во медиуми донесен во 2018 година.
Како агенција што секојдневно соработува со медиумите и новинарите, целосно го
почитуваме новинарството, кодексот и принципите на работа. Дел од тимот на агенцијата се
поранешни новинари што е дополнителна причина за почитување на новинарскиот етички код
и стандарди и зачувување на нашиот кредибилитет.
На повикот се јавивме бидејќи истиот тој повик во истата форма бил спроведуван и
претходните две години од Град Скопје, а вакви слични повици има и од други државни
институции. Верувавме дека со нашето знаење и експертиза можеме да придонесеме за
поголема информираност на граѓаните и транспарентност во работата на градската
администрација.
Агенцијата Елемент ПР на пазарот опстојува 14 години и досега нашата работа е обележана
со професионалност, принципиелност и отворена соработка. Без ни една дамка во нашата
работа, ќе продолжиме да создаваме дополнителна вредност за нашите клиенти и оние што
секојдневно ни ја даваат својата доверба.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести