-4.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Шолц го повикал Путин во телефонскиот разговор да најде дипломатско решение за конфликтот во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц го повикал рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор да најде дипломатско решение за конфликтот во Украина врз основа на прекин на огнот и целосно повлекување на руските трупи што е можно поскоро, изјави портпаролот на германската влада.

Во 90-минутниот разговор, Шолц ја нагласил потребата да се осигура безбедноста на нуклеарната централа Запорожје во Украина и апелирал до Путин да продолжи целосно да го спроведува договорот за жито поддржан од Обединетите нации, додаде портпаролот Штефен Хебестрејт.

„Федералниот канцелар нагласи дека сите дополнителни чекори за руска анексија нема да останат без одговор и нема да бидат признаени под никакви околности“, се вели во изјавата на Хебестрејт, додавајќи дека Шолц и Путин се согласиле да останат во контакт.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести