6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Заради недомаќинското и криминално работење на власта на Ковачевски половина милијарда евра ќе се потрошат за струја

Заради недомаќинското и криминално работење на власта на Ковачевски половина милијарда евра ќе се потрошат за струја. Ковачевски првин велеше дека за покривање на кризата за купување на струја ќе бидат потребни 150 милиони евра, за потоа да излезат со информација по состанокот кај Пендаровски и да тврдат дека се потребни 300 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.  

Тие потенцираат дека власта не ја говори вистината, бидејќи кога ги прават пресметките забораваат на стопанството и на локалните самоуправи. 

– И наместо да работат цела година да го превенираат недостатокот и високите цени, тие се посветени на превозот на јаглен и мазут, кој да го транспортира или која фирма да го набавува. И додека власта брка проценти, народот плаќа поскапа струја, а има најава и за ново покачување, токму од Ковачевски за од јануари, нагласуваат тие.  

Додаваат дека на удар е стопанството кое плаќа 4 пати повисоки сметки од до сега, но и единиците на локална самоуправа и јавните претпријатија кои за струја одвојуваат и до 30% од приходите. 

– Оваа ситуација ја создаде власта, зошто не овозможи домашно производство, кога имаше можност да набави енергенси како јаглен и мазут, ниту пак се посвети на нови копови и откривки во постојните копови. Доколку власта итно не го смени пристапот, половина милијарда евра ќе бидат потребни за да се потрошат како резултат на нивната неспособност и криминогеност, потенцираат во соопштението.  

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести