2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Приведен насилник од Скопје, следува кривична пријава

Денеска (12.09.2022) во 10.45 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал го лишиле од слобода Д.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, на 04.09.2002 во 17.33 часот во угостителски објект во Дебар Маало, Д.А. со стаклен предмет физички го нападнал С.П.(31) од Скопје.
Со него бил извршен службен разговор во кој го појаснил извршувањето на кривичното дело. Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести