7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Увид во Кавадарци, пронајдено безживотно тело на маж

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во семејна куќа во која беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст од 70 години.

Со оглед на тоа што од екипите на Итната медицинска помош беше констатирана смрт со видливи изгореници на телото, надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот.

Од лице место беа подигнати траги со цел да се утврдаат околностите под кои настапила смртта.​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести