7.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Блинкен одобри 2 милијарди долари воено финансирање за странски земји, меѓу нив и Македонија

Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен одобри 2 милијарди долари воено финансирање за странски земји. Станува збор за програма во која САД нудат заеми или грантови на други земји за купување оружје од американско производство.

Половина од новиот пакет од две милијарди долари ќе оди во Украина, а остатокот во 18 други земји кои се сметаат дека се под закана од Русија.

Остатокот ќе го поделат Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грузија, Грција, Косово, Латвија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

Да потсетиме, американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска најави дополнителни 675 милиони долари воена помош за Украина. Најновиот американски пакет ќе вклучува повеќе муниција, повеќенаменски возила Хамви и противтенковски системи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести