Блинкен ќе се сретне со официјални претставници во Украина. Неговото пристигнување се совпадна со состанокот на Украинската одбранбена група, предводена од американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, што се одржува во воздухопловната база Рамштајн во Германија.
Остин и Блинкен остануваат највисоките американски функционери кои отпатувале во земјата од почетокот на војната. Американскиот претседател Џо Бајден допрва треба да ја посети Украина.
