Таа во интервју за американската мрежа CBS изјави дека Трамп, доколку повторно се кандидира, треба убедливо да биде поразен.
„Меѓутоа, ќе направам сѐ што можам за да имаме претседател кој ја почитува нашата демократија и владеењето на правото и кој ги поддржува нашите институции“, рече Клинтон.
Таа најави дека ќе го поддржи актуелниот претседател Џозеф Бајден доколку тој се кандидира на изборите во 2024 година.
