Последниве неколку месеци Мадона не престанува да ја шокира пошироката јавност, како со естетските операции и разголените фотки, така и со нејзиниот љубовен живот. Откако пред неколку месеци ја прекина тригодишната врска со 35 години помладиот танчар Ахламалик Вилијамс, реши да започне врска со момче кое е 40 години помладо од неа.

Имено, Мадона го завела 23-годишниот модел Ендрју Дарнел, а наводно оваа романса се вжештува. Двојката била забележана како се „гушка и разменува нежности“ во петокот вечерта на концерт во Њујорк, пишува „Page Six“.
Прославената 64-годишна пејачка на Инстаграм објави и фотографии од ова вечерно излегување, а на една од нив Дарнел ја ставил раката на нејзиното рамо и ја потпрел главата на нејзината додека прават селфи.
„Page Six“ пренесува и дека по концертот, гулапчињата отишле во популарен ресторан на Менхетен на доцна вечера, а Мадона целата вечер ја поминала танцувајќи и правејќи селфи фотки.

– Дефинитивно си разменуваа нежности. Мадона и Ендру забележливо си беа наклонети цела ноќ, се бакнуваа и гушкаа во сапарето, велат извори од местото на настанот.
Ендрју инаку можеше да се види на разни видеа и фотографии на Инстаграм профилот на оваа пејачка, па јасно е дека дефинитивно има нешто меѓу нив.
Инаку, Мадона неодамна одговарајќи на прашања од обожавателите го спомна сексот како нејзина омилена опсесија, но и тајната на успехот и дека и е доста од бракот и дека сега ќе се сврти кон чисто физичко задоволство, а 23-годишниот модел е сигурно добра опција за тоа.
