5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Рама: Владата одлучи веднаш да ги прекине дипломатските односи со Иран

„Владата одлучи веднаш да ги прекине дипломатските односи со Исламската Република Иран“, рече Рама во изјава за медиумите.

„Овој конечен одговор е целосно во согласност со сериозноста и опасноста од сајбер нападот кој се закануваше да ги парализира јавните услуги, да ги избрише компјутерските системи и да ги хакира државните тајни, да ги украде владините електронски комуникации и да сее хаос и несигурност во нашата земја“, рече Рама.

Тежок сајбер напад беше извршен на 15 јули со цел да се уништи компјутерската инфраструктура на албанската влада и беше „оркестриран и спонзориран“ од Техеран, тврди Рама, пренесува Франс прес.

Агенцијата додава дека од 2013 година, на барање на Соединетите Американски Држави, Албанија се согласила да прифати на своја територија членови на Организацијата на муџахедините на иранскиот народ, движење кое се противи на режимот во Иран и е забрането во таа земја и затоа работи во егзил.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести