14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Украина бара поголема набавка на тешко оружје од Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц го одби барањето на неговиот украински колега Денис Шмихал за поголема воена поддршка за време на неговата посета на Берлин, пишува весникот „Велт“. 

Поточно, се работи за испорака на модерни тенкови „Леопард 2“. 

Веќе во април германскиот производител на оклопни возила „Краус-Мафај Вегман“ понуди директна испорака на 100 тенкови за Украина за 1,55 милијарди евра. Меѓутоа, Шолц одбил да ја даде дозволата за извоз, а неговиот став сепак не се променил. 

Украинската страна, пишува весникот, тврди дека Шолц останал „општ и неспецифичен“ во разговорот со Шмихал и дека не покажал волја да го промени ставот. 

Кабинетот на Шолц објави дека Германија нема да попушти во обезбедувањето воена, политичка, финансиска и хуманитарна помош. Тие рекоа дека не сакаат да ги откријат деталите од доверливиот разговор. 

Инаку, Украина веќе подолго време бара поголема набавка на тешко оружје од Германија. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести