Претседателот Стево Пендаровски, утре (среда, 7 септември 2022 година) ќе биде домаќин на претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Словачката претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу претседателите и пленарен состанок на делегациите.
