-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Стоилковски: Ковачевски не само што не знае да ја води државата којашто ја потопија во криминал и сиромаштија, туку покажува и неразбирање на поими

Димитар Ковачевски не само што не знае да ја води државата којашто ја потопија во криминал и сиромаштија, туку покажува и неразбирање на поими. Ковачевски со изнесениот став и обвинување за шовинизам, покажува дека лично тој е шовинист, изјави Наум Стоилковски портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.  

Едноставно, почувствувал потреба да ја брани нововработената во МНР како маж, според родова или полова припадност, а не да ги брани нејзините квалитети, да ги истакне нејзините квалитети и потребата од нејзино вработување во најпосакуваното министерство во Македонија, министерството за надворешни работи, рече тој. 

Додаде дека Ковачевски во шовинистичката одбрана, повторно не објасни како и зошто е вработена во МНР, како била ангажирана од повеќе институции во исто време дотичната Бесмира Ејупи?  

-Нели Ковачевски не ја познаваше личноста што требаше да ја именува како Генерален конзул во Њујорк?  Уште еднаш, Бесмира Ејупи е јавна личност, новинар, ангажирана од повеќе државни институции и општини од каде што добивала над 12.000 евра за една година и за што е отворен случај во ДКСК, истакна тој. 

Според него ако јавното соопштување за вработувањето на несудената конзулка во МНР е шовинизам, тогаш Ковачевски очекува да го осуди и отворањето на случајот во ДКСК за нејзините истовремени ангажирања во повеќе институции.  

-Притоа очекувам Ковачевски да ја осуди за шовинизам и првата жена на ДКСК, изјави Стоилковски. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести