Германскиот енергетски регулатор Бундеснекагентур соопшти дека сега е подобро подготвен за прекин на рускиот гас, но апелираше до граѓаните и компаниите да ја намалат потрошувачката на енергија, одговарајќи на денешната најава на Газпром дека Северен тек 1 ќе биде затворен на неодредено време.
– Поради одлуката на Русија да не дозволи на неодредено време гасот да тече низ Северен тек 1, терминалите за природен гас, складиштата и барањата за значителни заштеди на енергија стануваат многу поважни – изјави претседателот на Бундеснекагентур, Клаус Милер.
Тој додаде дека е добро што Германија сега е подобро подготвена, но и што сега останува на граѓаните и компаниите да внимаваат на нивната потрошувачка.
