Германското Министерство за економија побарало од внатрешната разузнавачка служба на BfW да провери двајца високи функционери на министерството поради сомневање дека можеби имаат врски со Русија, објави денеска неделникот “Cajt”.
“Cajt”, повикувајќи се на свои извори, навел дека пролетта претставници на Министерството за економија се консултирале со BfV за наводната проруска позиција на двајцата функционери за прашања како што се германскиот увозник на гас Унипер или Газпром Германија.
“Cajt” не ги именувал официјалните лица.
Оперативците на BfW ја истражувале позадината, личните односи и патните налози на двајцата функционери, но досега не пронашле цврсти докази за шпионажа или корупција, објавил Ројтерс.
Министерството за економија, кое најави дека нема да коментира конкретни случаи, соопшти дека е во близок контакт со BfV од почетокот на новиот мандат на Владата во декември, бидејќи работата на Министерството е под посебна контрола поради одговорност за енергетската безбедност.
– Дополнително, новата администрација целосно ја ревидира политиката на претходната влада, која била наклонета кон Русија – изјави портпаролот на Министерството за економија.
