-5.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Трипуновски: Одговорност од Ковачевски и УХМР, за нефункционалниот милионски договор за спречување на непогоди

Секоја година, од 2020-та до денес владата преку УХМР плаќа над еден милион евра за набавка на услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани. Секоја година и покрај дадените еден милион евра народни пари ни се случуваат природни непогоди и штети од град низ целата држава, а тоа во текот на вчерашниот ден беше случај со Скопје и скопско поле, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го приложи и договорот кој секоја година, три пати до сега го склучува УХМР со Аероклуб Скопје и секоја година, преку буџетот се исплаќаат над еден милион евра народни пари.

– Овој договор доколку се почитува, ќе превенира секакви непогоди, и нема да дозволи енормни штети, како што беше случај во текот на вчерашниот ден. Во договорот јасно е наведено дека  УХМР е должна да ја одржува исправноста на радарските центри во Ѓуриште и Тополчани во период од 05.05.2022 година до 04.11.2022 година. И дополнително секој ден најкасно до 11 часот да достави Билтен за временската состојба и прогноза на времето за тековниот ден, и истите да ги достави по меил до одговорното лице на давателот на услугата за спроведување на одбрана од град, изјави тој.

Трипуновски истакна декка од друга страна, Аероклуб Скопје се обврзува најкасно до почетокот на противградобијната сезона да инсталира Автоматски агрегати и УПС уреди на Радарските центри во Ѓуриште и Тополчани за непрекината работа на радарите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести