-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Пронајдени стари монети, приведено едно лице на Граничен премин Табановце

Денеска (31.08.2022) во 00.25 часот,  полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода З.Т.(53) од Скопје.  При пасошка контрола било констатирано дека евидира на стоп листа од Регионалниот центар за гранични работи Југ, по што, со судска наредба, во содејство со царински службеници бил извршен преглед во возилото „мерцедес“ со холандски национални ознаки, кое го управувал. Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени 23 различни стари монети и 11.800 евра.  Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести