5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Во текот на 2022 година во светот имало еден милион смртни случаи од корона вирусот

Во текот на 2022 година во светот имало еден милион смртни случаи од корона вирусот, потврди Светската здравствена организација.

Од почетокот на пандемијата во Кина во 2019 година, ширум светот се пријавени речиси 6,45 милиони смртни случаи, пишува „Daily Mail“.

И покрај надежите дека епидемијата ќе заврши, оваа година веќе се регистрирани милион смртни случаи, најмногу во Америка, Русија, Бразил и Индија.

Д-р Тедрос Гебрејесус, шеф на агенцијата на Обединетите нации, рече дека не можеме да кажеме дека сме научиле да живееме со корона вирусот кога се уште се случуваат десетици илјади смртни случаи предизвикани од Ковид.

Повеќето земји ги ублажија или ги укинаа ограничувањата поврзани со спречување на ширењетото на Ковид, бидејќи се појави поблаг вид на вирусот, кој кај повеќето заразени луѓе всушност работи како настинка.

– Оваа недела ја поминавме границата од еден милион пријавени смртни случаи од почетокот на годинава. Не можеме да кажеме дека научивме да живееме со Ковид кога голем број луѓе продолжуваат да умираат, а веќе две и пол години сме во пандемија и ги имаме сите потребни алатки за да спречиме смртни случаи – рече д-р Гебрејесус.

Докторот додава дека единствено решение е да се вакцинираат повеќе од 70 отсто од населението. Сепак, 136 земји не успеаја да ја постигнат оваа цел, од кои 66 сè уште имаа ниска покриеност, под 40 проценти од вакцинираните.

– Една третина од светската популација останува невакцинирана, вклучувајќи две третини од здравствените работници и три четвртини од постарите лица во земјите со ниски приходи – рече тој.

Д-р Дерик Сим, директор на Меѓународната алијанса за вакцини, вели дека еден милион смртни случаи од Ковид оваа година е превисока бројка.

Омикронската варијанта на вирусот сочинува 99 отсто од примероците на вируси собрани во последниот месец. Главно се работи за подваријантата BA.5 на вирусот, која сочинувала 74 отсто од примероците.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести