2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Дете феномен има повеќе IQ од Хокинг и од Ајнштајн (ВИДЕО)

Кевин го решил тестот за интелигенција на Менса подобро од Стивен Хокинг, чиј коефициент на интелигенција бил 160. Се претпоставува дека Алберт Ајнштајн, кој никогаш не го полагал тестот, имал еднаков коефициент на интелигенција како и Хокинг.

Поради неговата исклучителна интелигенција, Кевин добил официјална покана за Менс.

Кевин, пренесува Метро, ​​отсекогаш бил паметно дете. Почнал да чита пред да започне основно училиште, а на шестгодишна возраст го знаел целиот периодичен систем на елементи.

Еди Свини, таткото на Кевин, вели дека Кевин бил единственото дете што го направил тестот тој ден: „Мислевме дека можеби сите тие возрасни ќе го исплашат, но тој зборуваше со сите и велеше: „Здраво, јас сум Кевин“.

„Одлично е. Многу сме горди на Кевин. Тој трчаше низ градината кога се појавија резултатите. Му значеше повеќе отколку што мислевме. Се надеваме дека тоа ќе му даде поттик“, рече таткото на Кевин.

Тој додаде дека животот е полн со предизвици за Кевин, но тие сакаат момчето да го исполни својот потенцијал. „Секогаш им кажувавме на луѓето дека е гениј, а јас не го користам тој збор лесно“, додаде тој.

Тој исто така рече дека Кевин има многу широко општо познавање: „Обично ги знае сите одговори на прашањата од квизовите The Chase и Who Wants to Be a Millionaire. Еднаш се појави прашање од Хари Потер, а тој беше убеден дека понудените одговори беа погрешни. Побрза во својата соба и го најде вистинскиот одговор“.

Еди истакна дека најголемата страст на Кевин е сепак музиката. Момчето пее и свири, а омилени инструменти му се клавирот и гитарата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести