На 28.08.2022 во 12.10 часот во с.Морани-скопско од полициски службеници од Полициската станица Драчево бил лишен од слобода Х.Т.(20) од с.Студеничани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“. Имено, при извршен преглед во патничко моторно возило „пасат“, кое пријавениот го управувал, и во кое било и уште едно женско лице, биле пронајдени предмети од извршени кривични дела. По целосно документирање на случајот против Х.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
