Како бомба во јавноста одекна веста дека Виктор Живојиновиќ ja запросил девојката. А сега се огласи и неговата мајка, пејачката Лепа Брена која рече дека се работи за дезинформација.
– Не е Виктор, кусо рекла Брена, која демантирала дека нејзиниот син е свршен.
Вистината всушност е дека помалиот син на пејачката само присуствувал на чин на запрсоување. Имено се свршил негов другар, кој снимен одзади само потсетува на него.
Виктор Живојиновиќ на својот Инстаграм профил доцна синоќа објави видео од момче кое си ја изненади девојката кога во еден момент клекна на колена и ја замоли да се омажи за него. Поради ова сите мислеа дека најмладиот член на семејството Живојиновиќ решил да направи голем чекор, но Брена сепак ќе почека малку додека не добие снаа.

