5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Анкара минатата недела ја повика Шведска да ги екстрадира терористите

„Финска и Шведска ја повторија својата посветеност, изразена во трилатералниот меморандум потпишан на крајот на јуни, за солидарност и целосна соработка со Турција во борбата против сите форми и појави на тероризам“, се посочува во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.

Од средината на мај, Турција, членка на Организацијата на Северноатлантскиот договор, го блокира процесот, обвинувајќи ги двете земји дека ги штитат курдските борци од Курдистанската работничка партија (ПКК) и Единиците за заштита на народот (YPG), за кои Анкара смета дека се  терористички организации.

На крајот на јуни, турскиот, шведскиот и финскиот министер за надворешни работи потпишаа меморандум со кој се отвора патот за влез на двете земји во НАТО.

Веќе следниот ден Турција испрати барање до Финска и Шведска за екстрадиција на 33 лица, кои Анкара ги смета претежно за терористи, по што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веднаш го спомена ветувањето на Шведска за екстрадиција на 73 терористи.

Меморандумот потпишан на крајот на јуни укажува само дека Финска и Шведска ќе одговорат на турските барања за екстрадиција, без да се наведе кој било број.

„Договорено е соработката меѓу заинтересираните институции да се зајакне на техничко ниво за да се постигне напредок“, соопштија денеска  од кабинетот на турскиот претседател.

Анкара минатата недела ја повика Шведска да ги екстрадира терористите, изразувајќи нетрпеливост. „Се залажуваат ако мислат дека Турција ќе поверува дека го исполниле своето ветување со екстрадиција на обични криминалци“, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг по објавувањето на првата екстрадиција.

Нова трилатерална средба треба да се одржи наесен, соопшти финското Министерство за надворешни работи по првиот состанок одржан денеска во Хелсинки. Дваесет земји членки на НАТО од вкупно 30 го ратификуваа барањето на двете нордиски земји за членство.

Стокхолм и Хелсинки ја напуштија својата традиционална политика на неутралност изразувајќи ја својата желба да се приклучат на НАТО по руската инвазија на Украина на крајот на февруари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести