ЈП „Градски паркинг“ – Скопје веќе втор пат во период од еден месец се соочува со разбојнички
напад на една од наплатните каси и тоа на главната каса на паркиралиштето на Клинички центар
„Мајка Тереза“.
Имено, на ден 24.8.2022 година, во 21:50 часот на главната каса за наплата на јавното
паркиралиште на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се случи разбојнички напад од непознато
лице, кое со нож влегло во куќарката и го зел целиот промет од тековниот ден. Пред еден месец
на 20 јули во истиот временски период (21:50ч.), на истиот начин, непознато лице влегло во
куќарката за наплата на паркингот и ја испразнил касата.
За претходниод разбојнички напад досега нема разрешница од страна на надлежните институции.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје пред се’ како одговорно претпријатие се грижи за безбедноста на
своите вработени. Поради ова, како јавно претпријатие апелираме до надлежните да преземат
што поголема одговорност и да се спроведе истрага, која ќе биде ефикасна и со тоа ќе се спречи
уште еден ваков немил настан, во кој пред се’ беше загрозен животот на вработени во јавно
претпријатие.
