17.8 C
Skopje
петок, ноември 20, 2026

Приведен крадец од Скопје

На 23.08.2022 полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој на 22.08.2022 на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ одзел лични предмети од жена од Скопје. Лицето било задржано во полициска станица, а од судија за деца изречено е решение за извршување на заводска воспитна мерка во Воспитно поправен дом Тетово, по што малолетникот бил спроведен во домот. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител против малолетникот ќе биде поднесена и соодветна пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести