Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, денеска изјави дека се противи на предлогот целосно да им се забрани да се издаваат визи на Русите за влез во земјите на ЕУ.
Првиот човек на дипломатијата на ЕУ се противи на идејата изнесена од некои источноевропски земји.
Говорејќи на форум во Шпанија, тој го нарече предлогот контроверзен и посочи дека ЕУ треба да избере повеќе санкции против Русија.
