5.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

ШОКАНТНО: Познатиот тиктокер врди дека јадел и по 100 јајца дневно

Тиктокерот Фернандо Торака, попознат како кралот на исхраната, тврди дека јаде и по 100 јајца дневно. Колку е здраво и дали е подобро да се јаде целото јајце или само белките?

Познатиот тиктокер објави видео на кое е прикажан неговиот уникатен ритуал за подготовка на храна, во кој се гледа како крши неколку кутии со јајца и ги одвојува жолчките од белките. Во видеото може да се избројат најмалку 84 скршени лушпи од јајца, а Торака тврди дека јаде и по 100 од нив дневно.

„Не е лесно да се јадат 100 јајца на ден“, вели тој.

Овој тиктокер јаде само белки, а мислењата се поделени: некои се воодушевени од неговата посветеност на протеините, додека други се прашуваат зошто фрла толку многу жолчки.

„Го оставате најважниот дел од јајцето“, гласеше еден од коментарите, а бројни корисници на оваа социјална мрежа дискутираа дали овој начин на исхрана е воопшто здрав.

Многу корисници истакнаа дека Арнолд Шварценегер јадел цели јајца, но некои негодуваа додавајќи дека имал две операции на срцето.

Останатите бодибилдери исто така не се симпатизери на она што го препорачува Торака, со оглед на тоа што таа сепак претерува со количината на јајца, односно белките што ги јаде.

Зошто бодибилдерите толку многу сакаат јајца?

„Спортистите кои се обидуваат да добијат мускулна маса имаат поголеми потреби за протеини од обичните фитнес ентузијасти или општата популација, а јајцата се многу удобен извор на протеини по добра цена“, изјави нутриционистката Саманта Касиди за Today.

Едно големо јајце содржи шест грама протеини, кои исто така може да се најдат во храната како што се морска храна, пилешко, грчки јогурт, говедско месо, грашок, грав и тофу.

“Нема ништо магично во јајцата. Протеинот од кој било животински извор ги има сите аминокиселини кои му се потребни на телото за да помогне во изградбата и одржувањето на мускулната маса. Сепак, овој човек јаде белки од јајца, кои се ниски со заситени масти и калории. Тоа може да биде корисно ако вие сте внимателни на нивниот придонес“, истакнува таа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести