НАТО ќе одговори на распоредувањето руски ракети „Кинжал“ во Калининград, изјави полскиот заменик министер за одбрана Војчех Скуркевич.
„Нашите потези, по консултации со сојузниците од Алијансата, ќе бидат адекватни на сите закани и дејствија на Руската Федерација“, рече тој.
Скуркевич исто така нагласи дека соработката во НАТО е клучна за обезбедување на безбедноста на Полска.
„Тие гаранции се на сила и нашите партнери ќе ги исполнат сите свои обврски, како што изјавија другите членки на НАТО, како и американскиот претседател Џозеф Бајден“, рече тој.
Да потсетиме, како што претходно соопшти руското Министерство за одбрана, три МиГ-31 со хиперсонични ракети Кинжал беа префрлени во Калининградската област како дел од стратешкото задржување, тие ќе бидат на борбена должност 24 часа на ден.
