20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Зеленски му се заблагодари на Бајден за најновиот пакет воена помош од 775 милиони долари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа му се заблагодари на својот американски колега Џозеф Бајден за најновиот пакет воена помош од 775 милиони долари.

„Многу ја ценам уште една американска воена помош во износ од 775 милиони долари. Ви благодариме претседателе што ја донесовте оваа одлука. Направивме уште еден важен чекор за да го победиме агресорот. Украина ќе биде слободна“, напиша Зеленски на Твитер.

Малку порано американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека од доаѓањето на новата администрација на чело со претседателот Џозеф Бајден, Вашингтон обезбедил воена помош од 10,6 милијарди долари за Киев.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести