16.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Орбан: И да бидат работите уште полоши, сето тоа им се врати како бумеранг

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не верува во воената победа на Западот во Украина, додавајќи дека санкциите веќе почнуваат да паѓаат во вода. 

Во интервју за германските медиуми, тој исто така рече дека смртоносниот конфликт во Украина има потенцијал демонстративно да стави крај на западната хегемонија, на глобално ниво. Како што оценува, кога ќе заврши вооружениот конфликт во Украина, Европа ќе излезе од него значително послаба, во политичка смисла. 

Орбан тврди и дека Западот не е способен да победи ниту воено, ниту економски бидејќи, како што вели, санкциите наметнати на Москва се бесмислени бидејќи не ја постигнале целта – да го ослабат Путин и неговиот режим. „И да бидат работите уште полоши, сето тоа им се врати како бумеранг“, додаде Орбан. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести