Некои диети може да бидат вистинска мака, но има и одлични, хранливи на кои не е тешко да се придржувате. За љубителите на киселото млеко имаме предлог за одлична диета со која за околу 10 дена можете да изгубите и до 6 килограми. Добрата работа на оваа диета е што нема забранета храна.
Внесувате и протеини и јаглехидрати и влакна, а бидејќи е рестриктивна диета не треба да трае подолго од 14 дена.
Киселото млеко е исклучително корисна храна која ја нормализира активноста на гастроинтестиналниот тракт, го подобрува имунитетот, помага за „собирање“ и исфрлање на токсините од телото и го поттикнува метаболизмот.
Ги содржи сите потребни хранливи материи: масти, јаглени хидрати и протеини и затоа спаѓа во категоријата на комплетна храна.
Диета со кисело млеко – што се препорачува:
• Природно кисело млеко – 500 г на ден
• Овошје – до 300 г на ден (но тука не се вклучени грозјето, дињите и лубениците поради големата количина шеќер што ја содржат)
• Месо – до 100 г на ден (пилешко и мисирка – со отстранета кожа и маснотии и риба)
• Зеленчук (овошје) – до 300 г на ден (домат, ротквица, краставица, бибер…) и
• Зеленчук (зелен) – до 300 г на ден (марула, кељ, зелка, рукола…)
Дневно мени:
Воведна напомена: Количината на кисело млеко што ќе ја користите во одредени рецепти зависи од вашата желба и вкус. Важно е да јадете 500 г кисело млеко дневно, а како ќе се распореди меѓу оброците зависи од вас.
Појадок:
• Кисело млеко и желе од малини
• Шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал
Ручек:
• Топол билен чај
• Ладна супа направена од кисело млеко и краставици исечени на мали тркалца
• 100 г варено месо
• Салата од краставици, домати и билки
• По желба кисело млеко
• Чаша топла лимонада (без шеќер)
Попладневна ужина:
• Домати со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и кратко измешајте во блендер.
Вечера:
• Чаша топол билен чај
• Боранија на пареа со кисело млеко
• Чаша топла лимонада (без шеќер)
Изборот на храна е доста разновиден, па нема да ви биде тешко десет дена да ги избегнувате производите од житарки и слатките. Секако, не заборавајте на физичката активност и одвојте по 30 минути секој ден, ако за ништо друго барем за брзо одење.
