5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Белата куќа објави дека Бајден на 15 септември ќе биде домаќин на собирот насловен „Стоиме обединети“

Белата куќа објави дека Бајден на 15 септември ќе биде домаќин на собирот насловен „Стоиме обединети“, инициран од инцидентот од мај годинава кога во супермаркет во Бафало беа убиени десет Афроамериканци.

Целта на претседателот Бајден е да и се обрати на јавноста по годинешниот бран насилства поттикнати од омраза во сојузните држави Тексас и Висконсин.

„Како што рече претседателот Бајден по ужасната пукотница во Бафало, сите ние мора да бидеме доброволци во борбата за душата на нашата нација, таа голема кауза на Америка. Самитот ќе биде важна можност Американците од сите раси, религии, од сите региони, од сите политички средини и начини на живот заедно да се насочат кон таа цел“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Бајден ќе има главно обраќање на самитот. Белата куќа соопшти дека на собирот ќе присуствуваат претставници на групи за граѓански права, верски лидери, претставници на деловниот свет, припадници на полицијата, поранешни членови на насилни групи, жртви на екстремистичко насилство и личности од светот на културата.

Белата куќа нагласи дека има намера да ги обедини американските демократи и републиканци, како и лидерите на федерално, државно и локално ниво во борбата против насилството поттикнато од омраза. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести