7.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Американските војници во рамките на НАТО распоредени по патиштата во северно Косово по неуспехот на преговорите

Американските војници во рамките на НАТО се распоредени по главните патишта на северот на Косово по неуспехот на преговорите во Брисел, јавува N1 повикувајќи се американската агенција Асошиејтед прес.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во четвртокот по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел изјави дека „за жал, не е постигнат договор, но тоа не е крајот на приказната“.

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, во петокот оцени дека иако многумина се разочарани што вчера во Брисел нема напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, сепак резултатот од тие разговори е позитивен.

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека претседателот Александар Вучиќ ќе и се обрати на јавноста по повод дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел, в недела во 13:30 часот од Палатата Србија.

„Вучиќ го одложи говорот токму затоа што не може да се помири со фактот дека имаме конфликти на Косово, дека немаме решение, а деноноќно работи на изнаоѓање решение“, рече Петковиќ на прес-конференција во Владата на Србија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести