3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

СTРАШНО: Свирепо убиена туристка во Хрватска

Како што пренесува „Јутарњи лист“, истарската полиција околу 4.55 часот добила пријава од Брзата помош дека интервенирале во стан во Закиње каде пронашле тешко повредена 40-годишна жена од Италија. Таа по еден час починала затоа што повредите кои ги имала биле страшни.

Според неофицијални информации, наводно се работи за кривично дело во стан во кој престојувале гости, 40-годишна жена и 30-годишен пријател, а претходните денови гласно се расправале.

Наводно жената со сопругот во последните десет години редовно доаѓала на истото место на летување и се спријателила со сопствениците на куќата. Неодамна дошла со десет години помлад пријател, Италијанец, да му го покаже станот за да може и тој да си резервира сместување за следната година.

„Под стрес сум и шокирана. Заспав и негде околу 2:30 часот ме разбуди бучава од станот горе. Таа викаше, но не разбрав  што точно зборува бидејќи само што се разбудив. Полека тргнав по скалите бидејќи сум болна, а потоа слушнав страшни удари и кршење на стакло. Ја видов вратата скршена, стакло насекаде, Брзата помош дојде брзо. Му се јавив на нејзиниот сопруг брзо да дојде бидејќи се случи голема трагедија. Тој беше запрепастен. И замислете, може да дојде дури за три дена, како што планираше и претходно, бидејќи, како што ми кажа, во Украина е на работа“, изјавила кратко за „Јутарњи“ една од сопственичките на куќата.

Од ПУ на Истра велат дека уапсиле 30-годишен италијански државјанин кој е поврзан со оваа трагедија и дека во моментов е под кривична истрага. Не е познато дали осомничениот во моментот на делото бил под дејство на алкохол или дрога.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести