21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Претреси на подрачјето на СВР Штип, приведени седум лица, пронајдена дрога, при контрола во угостителски објекти биле затекнати малолетници

Во текот на вчерашниот ден (18.08.2022) СВР Штип согласно оперативниот план „Безбедно лето  2022“, презеде низа мерки и активности во областа на недозволената трговија со дрога, при што лишени се од слобода М.М.(30), Ж.М.(21), Н.Т.(18), Г.С.(19), С.Г.(18), Д.А.(19) и Ф.Т.(19). При извршени прегледи, претреси на домови и патнички возила кај нив била пронајдена марихуана, како и остатоци од други наркотични дроги и прекурсори.

Истиот ден, при извршена контрола во Казнено – поправниот дом Затвор Штип била пронајдена и одземена прашкаста материја. При контрола на угостителски објект затекнати биле седум малолетници по 24.00 часот и тие биле предадени на родителите. По комплетирање на случаите против лицата од страна на СВР Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави.   

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести