10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

211 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи. Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести