7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Ковачевски немаат доволно пратеници за уставни измени и затоа не сакаат да ја постават на дневен ред во Собранието точката за отпочнување на процесот

СДСМ и Ковачевски немаат доволно пратеници за уставни измени и затоа не сакаат да ја постават на дневен ред во Собранието точката за отпочнување на процесот. Тоа е веќе јасно. Свесни се дека ако се постави и одбие, тогаш следниот чекор се предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.  

Тие истакнуваат дека  СДСМ и Ковачевски бегаат од избори и соочување со народот како ѓавол од темјан. Рејтингот на Ковачевски е во рамки на статистичка грешка, а рејтингот на СДСМ е во слободен пат и тие тоа го знаат.  

– Затоа СДСМ и Ковачевски бегаат и се кријат, манипулирајќи и одложувајќи ги процесите само за да добијат некој ден повеќе на власт. Е тој ден повеќе на власт го користат за криминални тендери, коруптивни зделки, лично богатење и грабеж на народните пари. Оваа власт нема никакви европски вредности, ниту пак принципи, туку се поврзани само со лични криминогени интереси, потенцираат од партијата.  

Во соопштението се додава дека оваа мала група криминалци ја држи во заложништво и СДСМ и Владата, но за жал ја држи во заложништво Македонија. 

– Во интерес на државата  е што поскоро  на предвремени избори овие луѓе  да бидат поразени и тргнати од политичката сцена. Тие може ќе бегаат, ќе се кријат, ќе манипулираат, ќе оддолжуваат, но народната казна ќе ги стаса, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести